| четврток, 6 декември 2018 |

Лекиќ: Одигравме најслаб натпревар до сега

lekic

Разочарувањето беше огромно меѓу ракометарките на ЖРК Вардар по поразот од ЧСМ Букурешт во полуфиналето од Ф4 турнирот во Будимпешта. Тешко се наоѓаа зборови да се објасни она што се случуваше денеска на теренот во „Ласло Пап Арена“. Андреа Лекиќ со шест гола беше најефикасна во непрепознатливо бледото издание на вардарки, но на крај сето тоа останува залудно во како што велчи најлошиот натпревар што го одиграл Вардар од првата до последната минута.

– Во првите 15 минути имавме премногу промашувања и после гтоа не можевме да се втратиме во мечот. Не можам да сфатам како можеше да ни се случи вакво нешто. Јелена Грубишиќ беше одлична „не уби“ и тука ни падна самодовербата. Одигравме слабо во одбратата, не бевме доволно агресивни во првиот дел. Едноставно, ништо не ни одеше од рака. Се случувува лошо да се отвори натпревар, но ние немавме сила да се вратиме во натпреварот. Ова дефинитивно беше нашиот најлош натпревар од прва до последна минута – разочарано сумираше Андреа Лекиќ.

Вардарки беа задоволни по ждрепката во која за противник во полуфиналето на Ф4 го добија ЧСМ Букурешт, но како што рече Андреа Лекиќ пред мечот, се потврди тоа дека на Ф’ нема лесен противник.

– Не ги потценивме во ниеден момент. Зборувавме дека не треба да не допре таа приказна дека се послаб противник. Букурешт влезе во мечот без притисок, ние бевме под притисок и одигравме многу лошо. Не паметам кога сме одиграле друг пат. Не знам што да кажам… – рече Лекиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top