| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичките сточари не се доволно информирани за болеста чвореста кожа

krava

Болеста кај говедата -чвореста кожа се појави во струмичкиот микрорегион. Иако струмичко не е голем сточарски регион, сточачите кои имаат по дестеина грла веќе се во паника, пренесе Канал 5.

Последните неколку дена се регистрирани околу 7 грла а кои веќе се уништени а сепак претставуваат голем губиток за сточарите. Телевизијата пренесе дека сточарите кои засега немаат болни говеда од селата каде веќе се погубени неколку грла, не се доволно информирани. Говедата ги напасуваат заедно со сите од селото, не знаејќи дали тоа е опасност или не.

Постарите сточари во Иловица велат дека оваа болест не е новина кај говедата. Дедо Иљо вели дека во минатото ја имало чворестата кожа, но говедата сами умирале, додава телевизијата.

Во Струмичко покрај Иловица има регистрирано случаи на чвореста кожа и во Виска Маала, Моноспитово, Штука и Градско Балдовци. Сточниот пазар во Струмица веќе недела дена е затворен, а издадена е наредба и за затварање на одгледувалиштата со цел спречување на понатамошно ширење на болеста. По наредба на агенцијата за храна и ветеринарство, ветеринарните служби се на терен и ги испитуваат говедата во сите одгледувалишта. Надлежните велат дека причината за ширење на болеста се инсектите кои се нејзини вектори и поради тоа апелираат сточарите да вршат постојана дезинфекција на самите животни како и на местата во кои стоката престојува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top