Република Мaкедонија треба што поскоро да се интегрира во евроатлантските структури, истакнаа претседателите на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и на Словенија, Борут Пахор на претседателскиот панел на вториот ден од форумот „To Be Secure” што се одржува во Будва, Црна Гора, соопшти македонското Министерство за одбрана (МО).
На форумот, на кој учествува министерот за одбрана Зоран Јолевски, претседателот Пахор побарал политиката на Европа кон Западен Балкан да биде стратегиска, а не техничка. Притоа, се вели во соопштението, беше истакнато дека земјите од регионот припаѓаат на Европа, и затоа не треба процесот на нивна интеграција да го именуваме како проширување, туку како консолидирање на Европа. Затоа, истакнуваат од МО, и двајцата претседатели ќе преземат конкретни иницијативи во рамките на процесот Брдо-Бриони.
– Порака од сите претседатели е дека несебично ја поддржуваат Македонија на својот пат кон НАТО и воедно апелираат до другите земји членки на Алијансата да помогнат за што побрза интеграција на Република Македонија во НАТО, наведува во соопштението Министерството за одбрана.
Министерот Јолевски на маргините на Форумот во Будва во текот на денов остварил средби со претседателот на Словенија, Борут Пахор, со генерал Џон Ален од Брукинг Инситутот во Вашингтон, кој до неодамна беше советник на претседателот Барак Обама за борба против тероризмот, како и со професор Даниел Сервер од универзитетот „Џон Хопкинс“.
– На овие средби беа разменети мислења за глобалните безбедносни ризици и нивното влијание врз регионот и Република Македонија и за потребата од што побрза евроатлантска интеграција на Република Македонија, информира Министерството за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток