Сè што сакам е да направам таа да биде горда. Кога почина, остана само огромна празнина, изјавил британскиот принц.
Британскиот принц Хари, на прославата на 10-годишнината од фондацијата што го носи името на принцезата Дијана, призна дека најраните спомени од неговата мајка полека почнуваат да бледнеат.
Сега 31-годишниот Хари имал само 12 години кога леди Ди трагично почина во сообраќајна незгода во Париз, во 1997 година. Тој вели дека сега, по толку години, веќе не се сеќава на многу заеднички моменти, пренесува „Дејли меил“.
– Имам малку спомени со мојата мајка од детството – изјавил принцот во интервјуто за магазинот „Пипл“.
– Сè што сакам да направам е таа да биде горда. Кога почина, остана огромна празнина, не само кај нас, туку и кај многу луѓе во светот. Ако успеам да пополнам барем еден мал дел од тоа, тогаш мојата задача е завршена – изјавил Хари.
Принцот во последно време сè почесто ја споменува својата мајка, што претходно не беше случај. Така, тој во својата недамнешна посета на домот за сираци во Лесото откри и колкава трага оставила смртта на леди Ди кај него и кај неговиот брат Вилијам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Маки на кралското семејство: Меган ќе открие колкаво е богатството на Хари, ќе испливаат тајни криени со години
-
Драма на небото: Трудната Меган и принцот Хари биле во авионот кога пилотот донел итна одлука
-
Принцот Хари донесе неочекувана одлука за животот на нероденото дете
-
Меган Маркл не ни сонувала дека ќе наиде на вакви проблеми!