| четврток, 6 декември 2018 |

Реконструирани фасадите на четири згради во Козле

Општина Карпош продолжува со реконструкција на фасадите. Вршиме реконструкција на фасадите на зградите бр. 50, 52, 28 и 30, спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“. Инвестицијата чини околу осум милиони денари, а средствата се издвоени од буџетот на Општина Карпош.

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски информира дека пред зградите ќе биде реконструирана сервисната улица, заедно со тротоарите и ќе бидат решени проблемите што ги имаат граѓаните со фекалната канализација.

Тој ги повика граѓаните што живеат во зградите бр. 28, 30, 50 и 52 заедно да ги реконструираат покривите со што, како што рече, овие згради ќе ги обезбедиме во наредните триесет години.

Јакимовски рече дека целата реконструкција ќе биде завршена за четириесетина дена. Најави дека оваа година општина Карпош ги реконструира фасадите на зградите од левата страна на булеварот „Теодосиј Гологанов“, додека наредната година ќе бидат реконструирани фасадите на зградите од другата страна на булеварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top