| четврток, 6 декември 2018 |

Кикиритките како здравје

Со консумирање на само 30 грама кикиритки неделно, би можела да се намали смртноста од кардиоваскуларни болести за 23-28 отсто, а во случај на други заболувања за 17-21 проценти.

До овој заклучок дошле американските научници од Универзитетот „Вандербилт“, после повеќегодишно проучување на начинот на исхрана на 70.000 Американци и 130.000 Кинези.

Кикиритките се богати со витамини, протеини, олиго-елементи, влакна, минерали и незаситени масни киселини.

Тие се истовремено хранливи и лековити и што е многу важно, не содржат холестерол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top