Еден од најдобрите македонски пливачи во историјата, Александар Маленко ја разбранува српската фудбалска јавност по својата објава на Твитер во која ја повика Фудбалската федерација на Македонија „да и објасни на јавноста зошто донирала 500.000 евра во УЕФА, да биде примена Косовската фудбалска федерација“.
Од ФФМ ги негираат ваквите, според нив, смешни прозивки притоа нагласувајќи дека се сериозна институација за да коментираат било-какви „пишуванки“.
– ФФМ е пресереиозна институција за да коментира лаги и смешни шпекулации изнесени од личности како Маленко. Сето тоа е под нашето ниво, но доколку се продолжи со таквите лаги ќе мора правдата да ја бараме преку соодветни правни постапки во домашните институции. Уште еднаш ќе нагласиме дека ФФМ има крајно професионален однос буквално со сите балкански фудбалски федерации, и така ќе биде секогаш во иднина – го пренесува ставот на ФФМ, портпаролот Златко Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.