| четврток, 6 декември 2018 |

Над 5 милиони и 300 илјади евра годишно од СОРОС за подгревање на незаводолство и рушење на демократски избрана владa

Буџет од 327.964.687денари. 5. 332. 759 евра чисти пари имала СОРОС согласно извештајот за последната фискална година. Сепак на листот до УЈП не се пријавени грантовите на други организации како УСАИД или грантови од други левичарски движења.

fondacija1

Убедливо најголемиот дел од буџетот е потрошен на ставка помош и донации, односно 217. 228. 050 денари или 3. 532. 163 евра. Oваа година фондацијата СОРОС потрошила над 28 милиони денари повеќе за оваа ставка споредено со минатата година. За реклами, пропаганда, себепромоција и репрезентација на самата СОРОС Македонија која е непрофитна организација потрошиле 2 .184. 848 денари.

За исплата на плати и надоместоци организацијата СОРОС која наводно се бори против режим и за слобода, за себе имаат исплатено високи 39. 497. 410 денари. Во СОРОС Македонија има 36 вработени, што значи еден вработен вреди над 1 милион денари годишно. За потсетување во СОРОС работи и сопругата на петтоосомничениот во случајот ПУЧ, Ѓорѓи Лазаревски која во период од неколку години инкасирала близу 130.000 евра.

Од вкупниот буџет на организацијата од 327. 964. 687 денари, речиси 318 милиони денари, или 5.170.000 евра се на име подароци и донации.

Сите овие пари се потрошени и во функција на рушење на демократска избрана влада, креирање на тензии, финансирање на активности на СДСМ и ним блиски медиуми, и спотер активности на чадорот на невладини организации блиски до сдсм и кој во јавноста креираат мислење на секоја тема, слобода на изразување, човекови прави, економски политики, права на малцинцинства, финансирање на младински движење за правење на протести, подгревање на тензии и сл.

Во дел во извештајот на СОРОС, иако не се кажуваат суми се наведува дека особено се горди на посетеноста на он лајн порталите кои ги финансираат како А1он, Плусинфо на Бранко Геровски, Порталб и Окно на Никола Гелевски.

Исто така во извештајот се споменува и Центарот за развој на медиуми кој е активно вклучен во оцрнување на медиумите и поткрепување на тезата на Заев дека има непријателски медиуми и поделбата која ја прави. Само на сметката на оваа невладина непрофитна огранизација минатата година легнале над 12 милиони денари. Исто така во Извештајот на СОРОС се потврдува дека и новинската агенција МЕТА е чиста соросова организација финансирана од СОРОС. Исто такви се Сервисот за проверка на факти од медиумите, Вистиномер, како и порталот на албански јазик Порталб.

Во извештајот на СОРОС дури и не се крие дека парите од нивниот буџет биле вложувани за организирање, но и пристрасно навивачко известување за клучните настани од минатата година. Во извештајот тоа е наведено под плаштот “беше зголемена активноста за разбивање на меѓународната информативна изолација на Македонија“, особено во однос на актуелните случувања –политичката криза, граѓанските протести,настаните во Куманово, Догoворот од Пржино и неговите последици. Во тој контекст, особено Метаморфозис (која е мајка ќерка организација на СОРОС) успеа да ја одржи и унапреди мрежата на соработка и со домашните невладини организациии независни медиуми, а особено со меѓународните мрежи граѓанските протести, настаните во Куманово, Договорот од Пржино и неговите последици, стои во извештајот.

Во извештајот на СОРОС директно и без ракавици се соопштува дека била направена соработка и биле плаќани странци, лобирани блогери и меѓународни организации блиски и на платениот список на СОРОС за да ја оцрнат државата и да ја престават во лошо светло. Со ова се објаснуваат многу јасно црните извештаи од многу меѓународни организации, написите на блогери од странство кои се со негативен контекст, како и мотивираноста на одредени европратеници да зборат лошо против државата а зад кој се кријат финансиски мотиви. Во извештајот стои цитирам “во странство беше зголемена видливоста на случувањата во Македонија со користење на меѓународните мрежи од граѓански организации, медиуми и/или активисти/блогери, како важeн елемент за мобилизирање поддршка од меѓународната заедница и дипломатскиот кор, интернационалните институции и асоцијации“.

-Беше остварена активна директна соработка за прашањата поврзани со слободата на говор во Македонија со мрежите на Репортери без граници, ЕДРИ –Европски дигитални права, АПЦ, ИФЕКС, Глобал војсиси др., како и ОБСЕ и претставникот за слобода на медиуми на ОБСЕ, УНДП и дипломатските претставништва во земјава. Она што е евидентно е дека сите невладини организации кои се здружија под платформата граѓаните, но и оние кои потпишаа платформа за соработка со СДСМ се целосно финансирани од СОРОС, што и стои во самиот извештај. Поединечно се спомнуваат одредени организации како посебно заслужни. На пример се истакнува хелсиншкиот комитет за човекови права на Уранија кој бил особено заслужен за протестите пред владата минатата година кога беа повредени 36 полицајци. Во извештајот стои-цитирам – граѓаните продолжија да протестираат и наредните денови, заклучно со 17 мај 2015 година, кога се одржа протестот на здружената опозиција. За целиот период,Хелсиншкиот комитет за човекови права во РМ(Хелсиншки комитет) беше првата организација во која граѓаните го пријавуваа прекршувањето на правата, а домашните и странските медиуми. Во овој период Хелсиншкиот комитет соработуваше и со претставници на меѓународни организации, особено Обединетите нации, ОБСЕ, Хјуман Рајтс Ватч, Амнести Интернешнл, пишува во извештајот.

Во извештајот се споменуваат и организации како Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници Опции за здрав живот Скопје (ХОПС ) за обезбедување правна и социјална помош за сексуалните работници. Исто така под капата на СОРОС е и Младинскиот образовен форум, кој организираше и беше носител на студентските протести минатата и предминатата година, радиото МОФ кое исто така има милионски приходи од СОРОС, како и Македонскиот центар за европско образование од каде произлезе Лидија Димова од СДСМ.

Чисто соросова иницијатива е и граѓанската организација АЈДЕ која протестираше против одлуката на Уставниот суд. Таа се споменува во извештајот на активности на СОРОС. Иако на почетокот се прикажуваа лажно дека се чисто граѓански,во извештајот стои цитирам- Центрите на заедницата беа активни и во поддршката на неколку граѓански иницијативи, како„Го сакам ГТЦ“ и референдумотза спас на ГТЦ во општина Центар, „АЈДЕ!“,се приклу чија кон групната претставка до Уставниот суд„. Сегшната иницијатива Протестирам ги содржи истите чадор невладини организации на СДСМ и СОРОС.

Инаку овогодинешниот буџет од 5.332.759 евра е за 462 илјади евра поголем од тој за 2014та година кој изнесувал 4.870.434 евра. Со буџет од над 5 милиони 300 илјади евра наместо за деструкција и рушење на легитимно избрана влада, со тие пари можеше да се изградат 5 нови модуларни училиште за основно или средно образование, да се изгради нова поликлиника, или 21 нови амбуланти по пример на новата амбуланта што се изгради во скопско Миладиновци, или пак да се финансира реконструкција на патот како што е Делчево Кочани, или да се изградат нови десетици километри локални патишта, или да се доделат точно 40.995 ваучери од по 8 илјади денари за набавка на компјутерски таблети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top