| четврток, 6 декември 2018 |

Демонстрантите осомничени за демолирање на канцеларијата на Иванов седнуваат на обвинителна клупа

На обвинителна клупа денеска ќе седнат двајцата демонстранти што дивееја и кршеа во Скопје. Се работи за 30-годишните Ф.Н. и Н.А. кои се осомничени за учество во толпа што ќе стори кривично дело.
1protesti-1

Тие се осомничени за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов кај Рекорд во Скопје, и на Министерството за правда.

Ова ќе биде трет обид за почеток на судењето против нив, откако претходните две рочишта беа одложени за да се утврди колкава штета направиле.

Вкупната штета направена со кршењето на Канцеларијата на Иванов и на Министерството за правда е проценета на 880.000 денари.

За потсетување, на протетсите во Скопје беа приведени 13 лица. Двајцата заработија кривична пријава и домашен притвор од осум дена.

Протестите се случија по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на сите политичари и нивни соработници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top