| четврток, 6 декември 2018 |

Новите мерки за штедење ги кренаа Грците на нозе

Во Грција денеска почна тридневен генерален штрајк во знак на протест против новите мерки за штедење, кои се предложени за гласање во Парламентот.

grcija-strjk

Синдикатите од денеска објавија 48-часовен штрајк, кој е дополнување на штрајкот што беше најавен за недела. Од денеска не работат државните служби, некои компании од приватниот сектор, јавниот транспорт не функционира, а штрајкуваат и новинарите. Болниците ќе примаат само итни случаи, стоматолозите ги затворија своите ординации, а не работат ни адвокатите и правните фирми.

Фериботите кон и од грчките острови нема да пловат до вторник. Грчките власти вчера се обидоа да преговараат со синдикатите на пристанишните работници да се пушта барем по еден ферибот, со оглед на тоа што на островите веќе има туристи, но не беше постигнат договор.

Грчките пратеници во Парламентот дискутираат за реформите во пензискиот систем кои треба да се спроведат во согласност со договорот со кредиторите. За предлог-законот треба да се гласа во недела доцна навечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top