| четврток, 6 декември 2018 |

Бекам му нуди трансфер на Касилјас во Мајами

iker kasiljas

Шпанскиот голман Икер Касилјас, кој го брани голот на Порто, доби понуда од својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Дејвид Бекам, да се пресели во САД и да заигра за неговиот нов тим, Мајами јунајтед. Со оглед дека на Касилјас не му ’цветаат рози’ во Португалија, се чини дека сериозно ќе ја разгледа опцијата за преселба во Америка.

Дејвид Бекам лично му се јавил на Икер Касилјас и му понудил неверојaтни 16 милиони евра за двегодишен договор со Мајами јунајтед. Касилјас има актуелен договор со Порто до 2018 година, но можно е и предвреме да биде прекинат со согласност од двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top