Од денеска до 28 април, издавачките куќи „Икона“ и „Шкупи“ ја претставуваат манифестацијата „Денови на канадската литература во Македонија“, на која гости ќе бидат канадските писатели Криста Јохансен и Дејвид Чаранди.
Главниот литературен настан е, всушност, денеска во 11 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“ кога манифестацијата ќе ја отвори Роман Вашчук, амбасадорот на Канада. Модератори на програмата ќе бидат Елизабета Шелева, Луан Старова, Фадил Цури и Александар Прокопиев, кои ќе презентираат литературни дела на канадски автори.
Денеска, но и утре и задутре, пак, видните гости Криста Јохансен и Дејвид Чаранди ќе одржат неколку промотивни настани вклучувајќи и универзитетско предавање, промоции и потпишување книги во библиотеката „Кочо Рацин“, во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и во книжарниците „Стара чаршија“ и „Икона“ во „Сити мол“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.