Tрета банкарска паникa ѝ се случува на Македонија, истакна поранешниот гувернер, Љубе Трпевски во отвореното студио на ТВ „Нова“.
– Првата беше во 1999 година за време на бомбардирање на НАТО на поранешна Југославија, кога имаше голем бран бегалци од Косово. Втората во 2001 година, кога имаше внатрешен конфилкт. Ова е трата паника, која веќе се надминува и е најблага. Преземените мерки се очекувани и се во одбрана на денарот како национална валута. За разлика од кризите во минатото, сега и Народната банка е многу поподготвена и со добар кадар, а, исто така, и банките се многу поздрави, добро капитализирани и со висока ликвидност, па затоа нема потреба од паника. Во однос на сегашните случувања, загубија само тие што ги подигнаа штедните влогови и ги заменија девизите, а добија банките – рече тој.
Според него, има доволно инструменти и мерки што ѝ стојат на располагање на НБРМ да се одбрани од ваквите случаи и ситуации. Тој апелираше дека мора оваа политичка криза да се реши, во спротивно сите тонеме и економијата ќе трпи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот