| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Спасовска, модна креаторка: Облека за храбри жени

Спа­сов­ска трет­пат се прет­ста­ву­ва на мод­на­та не­де­ла во Скоп­је, а два­па­ти учес­тву­ва­ла на „Асемб­ли ди­зајн фе­сти­вал“ во Грац , Ав­стри­ја и не­кол­ку­па­ти во Со­фи­ја во из­лож­бе­ни­от про­стор на „ Иван Асен 22“

Кре­а­тор­ка­та Еле­на Спа­сов­ска на што­ту­ку за­вр­ше­ни­от мо­ден ви­кенд во Скоп­је ја прет­ста­ви но­ва­та ко­лек­ци­ја „Ста­ри­от свет“, со ко­ја пре­диз­ви­ка мно­гу по­зи­тив­ни кри­ти­ки во јав­но­ста. Таа е мно­гу за­до­вол­на од сво­јот на­стап. На сво­ја­та ре­ви­ја и со но­ва­та ко­лек­ци­ја по­ка­жа ка­ко ја гле­да мо­дер­на­та же­на. Неј­зи­на­та ко­лек­ци­ја е за хра­бри же­ни, ка­ко што ве­ли таа.

Moda (2)

– Ко­лек­ци­ја­та е на­ме­не­та за мо­дер­ни же­ни, кои хра­бро ком­би­ни­ра­ат ма­те­ри­ја­ли, от­пе­ча­то­ци или тек­сту­ра. Ва­ква­та же­на е си­гур­на во се­бе и са­ка да би­де ори­ги­нал­на и ур­ба­на – ве­ли Спа­сов­ска.

Со ко­лек­ци­ја­та Спа­сов­ска на­пра­ви суп­ти­лен спој на спро­тив­но­сти. „Ста­ри­от свет“ е ба­зи­ра­на на ре­ал­ност и на фан­та­зи­ја, неж­ност и си­ла, спо­ме­ни од дет­ство­то и не­из­вес­но­ста на ид­ни­на­та.

Moda (3)

Таа има сво­ја за­мис­ла ка­ко тре­ба да изг­ле­да мо­дер­на­та же­на во Ма­ке­до­ни­ја.

– Спо­ред ме­не, мо­дер­на­та же­на не ги сле­ди сле­по трен­до­ви­те, ту­ку знае се­кој нов тренд да го прис­по­со­би на сво­јот стил. Мо­да­та тре­ба да би­де на­чин на кој се изра­зу­ва­ме се­бе­си и сво­јот на­чин на жи­вот и реф­ле­кси­ја на око­ли­на­та врз нас – ве­ли Спа­сов­ска.

Moda (4)

Таа во оваа ко­лек­ци­ја ра­бо­те­ше са­мо со при­род­ни ма­те­ри­ја­ли – лен, па­мук, сви­ла. – Са­кав це­ла­та ко­лек­ци­ја да има ду­ри ор­ган­ски изг­лед и за­тоа ко­ри­стев фор­ми од при­ро­да­та, зем­је­ни бои и сло­е­ви­тост во изра­зот. Вни­ма­вав на се­кој де­таљ, ду­ри и на нај­ма­ли­от. Са­кав се­кое пар­че об­ле­ка да би­де дел од оваа при­каз­на и да ја рас­ка­же ко­лек­ци­ја­та пре­ку два­на­е­сет­те мо­де­ли – рас­ка­жу­ва Спа­сов­ска.

Moda (5)

Ви­со­ко­ква­ли­тет­ни­те ма­те­ри­ја­ли се ком­по­ни­ра­ни во скулп­тур­но комп­лекс­ни мо­де­ли. Сло­е­ви­то­ста на об­ле­ка­та и ком­би­на­ци­ја­та на раз­лич­ни пе­ча­ти и тек­сту­ри му да­ва­ат ар­хи­те­ктон­ска вред­ност на се­кое пар­че.

Таа, лич­но, мно­гу е за­до­вол­на од сво­јот на­стап на „Мод­ни­от ви­кенд“ во Скоп­је.

Moda (6)

– Мис­лам де­ка го­ди­на­ва се по­ја­ви­ја мно­гу но­ви ма­га­зи­ни и бло­го­ви за мо­да на ин­тер­нет и се­то тоа при­до­не­се за го­ле­ма по­кри­е­ност на мо­ја­та ре­ви­ја. По­себ­но сум за­до­вол­на и од на­чи­нот на вос­при­е­ма­ње на мо­ја­та ре­ви­ја и од кри­ти­ки­те од вес­ни­ци­те, кои освен што беа по­зи­тив­ни, овој пат беа и кон­стру­ктив­ни – сме­та Спа­сов­ска.

Овој мо­ден ви­кенд про­ле­тва тра­е­ше од 1 до 14 април, по­ра­ди го­ле­ми­от ин­те­рес на ди­зај­не­ри­те.

Moda (7)

– Имам впе­ча­ток де­ка се­ко­ја но­ва се­зо­на ти­мот на „Мод­на­та не­де­ла“ во Скоп­је ста­ну­ва сѐ по­про­фе­си­о­на­лен. Сѐ уште сме да­ле­ку од свет­ска­та мод­на сце­на, но со си­гур­ни че­ко­ри се приб­ли­жу­ва­ме до неа – ве­ли Спа­сов­ска, ко­ја трет­пат се прет­ста­ву­ва на мод­ни­от ви­кенд во Скоп­је, а до­се­га два­па­ти учес­тву­ва­ла на „Асемб­ли ди­зајн фе­сти­вал“ во Грац, Ав­стри­ја и не­кол­ку­па­ти во Со­фи­ја, Бу­га­ри­ја, во из­лож­бе­ни­от про­стор на „ Иван Асен 22“.

Moda (8)

Освен што е мод­на ди­зај­нер­ка, таа со­ра­бо­ту­ва и со на­род­ни­от те­а­тар во Ку­ма­но­во, ка­ко ко­сти­мо­гра­фка.

– Во ми­на­та­та го­ди­на ра­бо­тев на две прет­ста­ви во те­тов­ски­от те­а­тар и на ед­на во ку­ма­нов­ски­от те­а­тар, а ве­ќе сме во под­го­то­вки за прет­ста­ва­та „ Жи­вот под ки­ри­ја “ по текст на Ре­фет Аба­зи и во ре­жи­ја на Лу­ка Кор­ти­на, чи­ја­што пре­ми­е­ра е пред­ви­де­на за ју­ни го­ди­на­ва. Ра­бо­та­та ка­ко ко­сти­мо­граф е по­и­на­ква во са­ми­от кон­цепт на соз­да­ва­ње на ко­сти­мот би­деј­ќи тре­ба да е вр­ска ме­ѓу це­ли­от тим, а соз­да­ва­ње­то на ко­лек­ци­ја­та за­ви­си са­мо од  ме­не. Тоа но­си го­ле­ма од­го­вор­ност, но и пре­диз­вик, па за­тоа ра­бо­та­та ка­ко ди­зај­нер по­ве­ќе ме ис­пол­ну­ва – за­вр­шу­ва Спа­сов­ска.

Moda (9)

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра Маз­не­ва – Бун­да­лев­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top