| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најпопуларна фотографија на Инстаграм

Џастин Бибер ја симна од тронот Кендел Џенер и стана „сопственик“ на најлајкуваната фотографија на Инстраграм. Се работи за стара фотографија каде пејачот ја бакнува својата поранешна девојка Селена Гомез.

Познатата двојка раскина во 2014 година, но изгледа дека фановите се уште навиваат за нивната љубов. Џастин романтичната фотографија ја објави во март и до сега собра повеќе од 3,5 милиони лајкови.

Претходно рекородот со најмногу лајкови го држеше Кендел Џенер и нејзината фотографија каде лежи на подот додека прамените коса формираат форма на срце.

Бибер ја надмина за околу седум илјади лајкови. Меѓу нив кои ја лајкувале неговата фотографија е и самата Селена Гомез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top