Реал Мадрид синоќа успеа да слави над Манчестер сити во реванш дуелот од полуфиналето од ЛШ, и во финалето ќе се соочи со градскиот ривал Атлетико Мадрид. Играчот од средниот ред на „кралевите“, Тони Крос смета дека неговиот тим е поквалитетен од оној на Диего Симеоне, додавајќи дека Реал Мадрид тоа ќе го покаже на најдобар начин во финалето во Милано.
– Ние знаеме дека Атлетико Мадрид ќе биде тежок противник во финалето. Тие одиграа доби наптревари против Барселона и Баерн Минхен, но ние сме поквалитетен тим, и тоа ќе го покажеме во финалето од Лигата на шампионите – истакна Крос.
Овие два тим се сретнаа во финалето од ова натпреварување, во сезоната 2013-2014, кога „кралевите“ беа освојувачи на пехарот, кога после продолженијата го победија тимот на Диего Симеоне со 4-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.