| четврток, 6 декември 2018 |

Генерален штрајк во недела во Грција

Грчкиот синдикат на државните службеници (АДЕДИ) во недела организира генерален штрајк во знак на протест против владините планови за реформи во пензинскиот систем кои треба да се спроведат во согласност со барањата на кредиторите.

Поради штрајкот ќе има прекини во целокупниот транспорт во земјата, во железничкиот сообраќај, а нема да пловат ниту фериботите.

Владини претставници моментално преговараат со синдикатите на пристанишните работници да се пушта по еден ферибот кон островите, со оглед на тоа што се очекуваат туристи кои во спротивно би немале начин како да се вратат од островите во недела.

Националната федерација на новинарите исто така соопшти дека се приклучува кон штрајкот, додека времето и начинот на протест ќе бидат дополнително одредени кога ќе се објави датумот за парламентарната дебата за нацрт законот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top