Реплика на Ноевата арка може да се упати на пловидба ова лето по Атлантикот од Холандија до Бразил, пишува „Fox News“.
Сега арката изградена од Холанѓанецот Јохан Хејберс е засидрен во Дордрехт, на 100 километри јужно од Амстердам. Дневно ковчегот кој претставува центар за забава, се посетува од околу 3.000 лица.
Неговото патување до Бразил може да чини 1,5 милиони долари.
Хејберс замислил да изгради копија на Новиот арка во 1992 година. Бродот бил изграден во речното пристаниште Схаген, на 30 километри северно од холандската престолнина. Изградбата траела четири години. Потоа Ноевата арка била повлечена за забава во Дордрехт.
Должината на бродот е 125 метри, ширината е 29 метри, а висината 23 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.