| четврток, 6 декември 2018 |

Зетот на Реџеп Ердоган ќе стане турски премиер?

oficialno-turskiqt-premier-ahmet-davutoglu-se-otkazva-ot-partiijnoto-liderstvo-373474

Владејачката во Турција, Партија на правдата и развојот, на 22 мај ќе одржи вонреден конгрес, пишува локалниот весник „Хуриет“.

Денес Централното извршно биро на политичката формација официјално закажа датум на форумот, на кој ќе биде избран нов лидер на партијата.

Исто така беше потврдена информацијата дека сегашниот шеф на партијата и актуелен премиер Ахмет Давутоглу нема да се кандидира за функцијата.

Премиерот и претседателот Реџеп Ердоган во Анкара вчера одржаа средба која траеше 100 минути и ги подгреа гласините за оставка на премиерот.

Неколку часа по преговорите меѓу двајцата први мажи на Анкара, сепак од администрацијата на шефот на државата изјавија дека Турција нема да тргне кон предвремени избори за парламент.

Иако сеуште нема официјална информација за повлекувањето на Давутоглу како шеф на органот на извршната власт, шпекулациите за новиот премиер на Турција веќе почнаа. Според податоците на германскиот „Дојче виртшфат нахрихтен“ премиерското место ќе биде дадено на зетот на Ердоган, Берат Албајрак.

56f2740d3be57

Тој во моментов е министер за енергетика. Друго име кое се поврзува со местото за нов премиер, е пратеникот од Измир, Бинал Јилдирим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top