
Реал Мадрид се пласира во финалето на Лигата на шампионите, но левиот бек Марсело нагласува дека, сепак, не е време за големо славење. „Кралевите“ сè уште немаат ништо освоено оваа сезона, а треба да се фокусираат на следните натпревари.
– Манчестер сити се покажа како силен противник, но ние бевме подобро токму за тој еден гол. Заслуживме да се најдеме во финалето, но сега не е време за славење. Сè уште ништо немаме освоено. Треба да се фокусираме на следните натпревари од Примера. Потоа ќе мислиме и на Атлетико Мадрид и финалето во ЛШ. Мислам дека тие се подобри од пред две сезони, но и ние ја вративме нашата самодоверба на максимално ниво – изјави Марсело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


