| четврток, 6 декември 2018 |

Место секс на повик, монструозна двојка заробувала и убивала жени (ВИДЕО)

Германската полиција ја истражува смртта на двете жени, кои германската брачна двојка ги намамила, заробила и ги убила. Полицијата веќе со седмици го истражува случајот со смртта на 41-годишната Сузан Ф., која била заробена и мачена во куќата на поранешните сопружници Вилфред и Анџелика во Хекстер, град на северозападот на Германија.

germanski-horor-par-ubistva-01

Претепаната Сузана монструозната двојка се обидела во април да ја врати во нејзината куќа во Долна Саксонија. Автомобилот им се расипал, па повикале Итна помош. Меѓутоа, Сузан починала во болница.

Претставници од полицијата веруваат дека Вилфред и Анџелика во август 2014 година убиле и распарчиле уште една млада жена, 33-годишната Аника В., па нејзините остатоци ги ставиле во камин. И таа се јавила на романтичен оглас кон крајот на 2013 година.

germanski-horor-par-ubistva-03

-Жртвата константно трпела многу тешка психичка тортура, била удирана по целото тело, врзувана со синџири за жешка греалка и претепувана – рекол обвинителот Ралф Мајер на вчерашната прес конференција. – Понекогаш морала да спие гола на под или во студени простории. Нејзината психичка состојба станувала сè полоша, рекол тој и додал дека летото 2014 година Аника била животно загрозена, и дека починала на 1 август.

Двете жени биле тепани и врзувани. Инспекторите сметаат дека злосторствата имале повеќе врска со докажување на моќ отколку со секс. Тоа што е најлошо, се чини дека тие не биле единствените жртви на злосторничката двојка. Има и показатели дека една жена ја преживеала средбата со двајцата садисти.

Вилфред сето ова го демантира, а Анџелика ги признала злосторствата велејќи дека само ги слушала наредбите на својот поранешен сопруг садист. Таа тврди дека се плаши од него бидејќи знаел да ја мачи и неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top