| четврток, 6 декември 2018 |

За првиот роденден принцезата Шарлот доби златна тропалка со дијаманти, фустанче, сложувалка…(галерија)

Британското кралско семејство вчера го прослави првиот роденден на принцезата Шарлот.

Така, според листата на подароци што ја објави Кенсингтонската палата , Шарлот во изминативе 12 месеци добивала разни интересни нешта, а една од нив е и сребрена тропалка од претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието и неговата сопруга, Анхелика Ривера. Сличен подарок, само од бело злато е исто така на листата, а сите тропалки што ги добила се во вредност од 30.000 фунти (околу 44.000 долари).

shto-se-dobi-princezata-sharlot-za-prviot-rodenden-217725

Инаку, принцезата добила писма со честитки и продароци од дури 64 земји.

Што се однесува до забавата во палатата, нема потреба да се потенцира дека била само за одреден број гости, кои пак донесоа уникатни и скапи подароци.

shto-se-dobi-princezata-sharlot-za-prviot-rodenden-217726

Комплетната листа ви ја пренесуваме во продолжение:

-тропалка од бело злато, украсена од дијаманти, рубини и сафири од  компанијата„The Natural Sapphire Company“

-тропалка од брезово дрво, рачно изработена  од Киран Хоган, изработувач на корпи

-сет од свилени декорации, со сликата на „Сон во црвениот павилјон“  од кинескиот претседател.

-сложувалка, плишана играчка – кучето „Бо“, столче-нишалка и бебешко ќебе доби од претседателот на САД, Барак Обама и сопругата Мишел.

-бајки од Ханс Кристијан Андерсен од премерот на Британија, Дејвид Камерон

-скафандер, книга и добротворна донација од околу 75.500 долари од поранешниот канадски премиер Стефен Харпер.

-скафандер од „Велингтон Рагби“, Нов Зеланд

-пижами од „Њу Зеланд Рагби“

-мечиња, кебенца, плетени чевличиња изработени од волна од премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки.

-розово фустанче со натпис „From Israel With Love“  од претседателот Ривлин од Израел.

shto-se-dobi-princezata-sharlot-za-prviot-rodenden-217724

-ќебе од мерино волна и донација од 5.200 фунти (околу 7.500 долари) од владата на Австралија

-традиционално палто од кралот и кралицата на Бутан

-сет од биоразградливи пелени од Пипа Мидлтон.

shto-se-dobi-princezata-sharlot-za-prviot-rodenden-217723

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top