| четврток, 6 декември 2018 |

Се чека официјално известување за бројот на повредените во Унгарија

Еден патник има скршено рамо и е потешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на 50 километри од главниот град на Унгарија, Будимпешта, во кој имаше македонски патници, вели еден роднина на еден од патниците во автобусот во изјава за „Република“. Тој разговарал со еден од возачите веднаш по несреќата, кој му кажал дека еден патник бил посериозно повреден, а неколкумина поминале со полесни повреди.

avtobus7

– Сите патници биле пренесени во околните болници на преглед. Според тоа што ни беше кажано, само еден е потешко повреден – има скршено рамо, а неколкумина имале полесни повреди. Тие што се чувстуваат добро, ќе го продолжат патот до Прага. Тоа се информации со кои располага и кои му биле пренесени – изјави роднина на еден од патниците за „Република“.

Според инфорамции од МВР осум од 28 патници имаат потешки повреди. Несреќата се случила во близина на градот Гор, откако од засега непознати причини излетал автобусот што сообраќал на релација Скопје – Прага. Од  МНР ни изјавија дека преставници од македонската амбасада во Будимпешта заминале на местото на несреќата и во болниците каде што се сметени македонските патници. Наскоро очекуваат подетални информации за несреќата и за здравствената состојба на патниците. (фото) (видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top