Таа добро ни е позната по своите совршени бујни облини и русата коса, а кога пред две вечери прошетала на црвениот тепих на Мет Галата со светкавиот дијамант на прстот, на сите им станало јасно за што се работи.
Русокосата секс бомба, манекенката Кејт Аптон се мажи! Нејзината долгогодишна врска со Џастин Верландер е официјализирана, а преубавата невеста ја потврди свршувачката.
-Многу сум возбудена, ме запроси пред некое време и долго тоа го чувавме во тајност. Затоа сум многу возбудена што убавата вест сега можам да ја споделам со сите, рекла Кејт за „E! News”.
Џастин Верландер е професионален играч на бејзбол, ѕвезда на Детроит Тајгерс. Има 33 години, а со заносната Кејт е во врска речиси пет години. Сега одлучиле да ја официјализираат својата љубов, а ние им посакуваме сè најдобро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!
-
Ги закрви браќата: Вилијам поради Меган се скара со братот!
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа