Остануваат уште два меча оваа сезона во Лигата на шампионите. Финалниот во Милано на „Сан Сиро“ и реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Првиот финалист е Атлетико Мадрид кој иако вчера загуби на гостувањето кај Баерн Минхен со 2-1 со голот што го постигна Антоан Гризман се пласираше во финалето.
Второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го даде и вториот патник во финалето, откако вечерва ќе се добие победникот. Првиот меч на „Етихад“ заврши без голови, а според статистика и шансите „кралевите“ беа поблиску до победата.
Сепак од таборот на Реал не сакаат да ја преземат фаворитската улога во реваншот иако играат пред своите гледачи.
Тренерот на Реал Зинедин Зидан сеуште има проблеми со составот бидејќи освен Кристијано Роналдо кој отсуствува од тимот веќе две недели по се изгледа ќе истрча на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот состав, за Бензема настапот е неизвесен се до почетокот на мечот.
Менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини кој на крајот од оваа сезона си заминува од клупата на премиерлигашот победата е императив бидејќи сака да докаже дека е квалитетен тренер кој може со својот тим да дојде до финалето на Лигата на шампионите.
Тој се очекува да го има најсилниот состав на располагање, освен Давид Силва кој е надвор од стројот на „граѓаните“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.