| четврток, 6 декември 2018 |

„Пред да се разбудам“ – нов хорор-филм во киното Синеплекс

За љубителите на хорор-филмовите  во киното Синеплекс премиерно ќе биде прикажан најновиот филм на Мајкл Фленаган, „Пред да се разбудам“…

Приказна за брачниот пар Џеси и Марк кој се обидува да продолжи по смртта на нивното дете. Бидејќи не можат да имаат деца, решаваат да го посвојат осумгодишното момче Коди за кого не знаат дека негов најголем страв е да заспие.

На почетокот, претпоставуваат дека минатото му го создало стравот од спиење, но наскоро ја откриваат вистинската причина: неговите соништа стануваат реалност, но не на начинот на којшто очекуваат. Соништата на Коди, како сите детски соништа се или неверојатно фантастички или пак ужасни кошмари, и Џеси и Марк се соочуваат со нив.

Во филмот главните улоги ги толкуваат Кејт Босворт, Томас Џејн, Џејкоб Тремлеј, Анабет Гиш и Деш Михок.

Мајк Фленаган го напишал сценариото заедно со Џеф Хаурд и ова им е втора соработка, првиот пат соработуваа на психолошкиот хорор филм „Огледало на смртта“.

Американскиот хорор-трилер „Пред да се разбудам“ може да се погледне во киното Cineplexx од 12 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top