Нека се случи крајот на светот.
Компанијата „Хјуман Летхер“ се занимава со прозводство на ремени, торби и чевли кои се направени од најфината кожа на светот – човечката кожа. Да, добро прочитавте.
На интернет порталот на оваа компанија се наведува дека нивните производи се наменети за одбрана клиентела, но и дека се навистина направени од најголемиот човечки орган.
Материјалот е добиен од луѓето кои ја донирале својата кожа пред смртта, а како пишува – најдобра е таа од грбот и стомакот.
Од компанијата нагласуваат дека постои листа на чекање за порачување на нивните производи, како и дека прават ограничен број на производи поради чувствителноста на оваа работа и видот на материјалот кој го користат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.