Десетгодишниот Јани од Финска хакирал инстраграм и покажал дека не е толку тешки и дека секој кој се разбира во кодови и сервери може да ги избриша коментарите кои ги оставаат корисниците.
Ова момче штотуку стана најмлад човек кој добил пари од „Фејсбук“ бидејќи го хакирал нивниот производ.
-Можев да избришам кој било од оваа социјална мрежа, дури и Џастин Бибер -изјави Јани за локалните медиуми.
Претходниот рекорд го поставил еден 13-годишник, во 2013 година што значи дека Јани станал прва личност која го хакирала производот на „Фејсбук“ кој технички не смее да го користи бидејќи е забранет за помлади од 13 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.