| четврток, 6 декември 2018 |

Тед Круз се повлече, Доналд Трамп кандидат на републиканците

Сенаторот од Тексас Тед Круз кој се бореше за номинација на републиканците за кандидат за претседател на САД, објави дека се повлекува од трката за Белата куќа по победата на милијардерот Доналд Трамп на внатрепартиските избори во државата Индијана.

– Со огромно жалење соопштувам дека ја прекинувам кампањата, изјави Круз пред свои приврзаници во Индијанополис.

Претседателот на Националниот комитет на републиканската партија Рајнс Прибас изјави дека Трамп е веројатната номинација на партијата откако Курз прекинува со кампањата.

– Сега треба да се обединиме и да се фокусираме на пораз на Хилари Клинтон, напиша Прибас на Твитер.

Аналитичарите наведуваат дека постои поделеност во Републиканската партија за кандидатурата на Трамп бидејќи видни републиканци наведуваат дека никогаш нема да го поддржат милијардерот.

Победата на 74-годишниот сенатор според аналитичари е неочекувана откако претходно во анкетите Клинтон имаше седум отсто повеќе гласови во своја корист.

Експерти сметаат дека одлучувачка улога имала активната кампања на Сандерс во Индијана вклучително и неговите говори пред студенти во тамошни универзитети на кои им се допаѓаат идеите на „демократскиот социјалист“. Од Индијана се гласови на 92 делгата за конгресот на кој официјално ќе биде промовиран кандидат на Демократската партија за претседателските избори во ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top