| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во психијатриска болница во Москва – пациентите изгореле во сон

Триесет и осум луѓе загинаа во пожар кој избувна во психијатриска болница во селото Раменски, 50 киломери североисточно од Москва, јавуваат светските агенции. Успеале да преживеат само тројца – медицинска сестра извлекла двајца пациенти од приземната зграда на психијатриско–невролошката клиника.

A psychiatric hospital fire north of Moscow in which 38 people died

Пожарот избил ноќеска околу 2.20 часот и се проширил со голема брзина, а луѓето што биле затекнати внатре немале шанси да се спасат затоа што сите прозорци биле заштитени со решетки. Најголемиот дел од пациентите, пак, биле под силни седативи поради што многу од настраданите биле најдени во нивните кревети како да не се ни обиделе да бегаат.

Причината за пожарот засега не е позната, но има сомневања дека било неправилно ракувано со оган.

Првиот човек на областа Подмосквљу го прогласи утрешниот ден за ден на жалост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top