Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со слаби врнежи од дожд, ветровито и свежо. Дождот ќе изостане само во југоисточните предели. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер, кој ќе биде најсилен долж Повардарието каде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури се движат од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 19 степени.
Во Скопје ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за слаби врнежи од дожд попладне. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна до 15 степени.
Утре во земјава нè очекува умерено облачно време со сончеви периоди, попадне во северозападните и централните предели со услови за слаб дожд. Максималните температури од 11 до 21 степен. Во петок умерено облачно со сончеви периоди и потопло со пораст на дневните температури кои ќе се движат од 14 до 24 степени. Во сабота преодна дестабилизација и нов бран на врнежи кои ќе донесат и пониски температури кои ќе достигнат до 12 односно до 22 степени. Стабилизација на времето и пораст на температурите се очекува веќе од недела, кога максималните температури ќе се движат во интервал од 15 до 25 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.