Денеска почнуваат уписите на ученици во прво одделение за учебната 2016/17 година, во сите општински основни училишта. Уписите ќе се вршат секој работен ден од 9 до 14 часот. Секое училиште е должно да ги опфати децата од својот реон.
Потребни документи за упис се извод од матична книга на родените и потврда за примени задолжителни вакцини на детето. Подетални информации може да се добијат од педагошко – психолошката служба во основните училишта. Инаку, запишувањето во прво одделение е задолжително за сите деца кои ќе наполнат 6 години до крајот на календарската 2016 година.
Детето може да се запише и доколку полни 6 години до 31.01.2017 година, по претходно барање на родителот и добиено позитивно мислење од педагогот и психологот во училиштето. На барање на родителите запишувањето на детето може и да се одложи, но единствено со потврда издадена од здравствена установа, која ќе утврди дека не е подготвено да оди на училиште.
Родителот/старателот на детето е должен да го запише детето и е одговорен за негово редовно посетување на наставата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.