Вечерва на „Алијанц Арена“ во Минхен се игра првиот реванш натпревар од Лигата на шампионите каде моќниот Баерн Минхен го пречекува откровението на сезоната Атлетико Мадрид.
Баварскиот гигант иако имаше повеќе од играта и создаде повеќе шанси за гол во Мадрид, не успеа да ја затресе мрежата на феноменалниот Јан Облак кој можеби е најзаслужен за минималната победа која ја оствари неговиот тим во првиот натпревар со голот на Саул Нигез.
По првиот натпревар стратегот на баварците, Пеп Гвардиола се обиде да ја објасни ситуацијата од мечот кога се обиде со несекојдневен состав да дојде до победата изоставајќи ги Томас Милер и Франк Рибери од првите 11. Тоа се очекува вечерва да не се случи и од првата минута неговите избраници да се обидат да ја анулираат предноста, а подоцна да постигнат и гол повеќе од првиот натпревар и со тоа се пласираа во големото финале.
Луцидниот тренер на Атлетико Мадрид Диего Симеоне кој докажа дека е врвен стручњак веќе неколку години наназад, елиминирајќи ја Барселона во четврфиналето, ќе се обиде повторно да се пласира во финалето откако пред две години беше елиминиран од Реал Мадрид.
Аргентинскиот стратег во пресрет на вечерашниот дуел аргентинскиот стратег признава дека чувствува страв пред денешниот реванш.
– Чувствувам страв пред реваншот со Баерн Минхен и не ми е страв тоа да го признам. Но, јас чувствувам страв пред секој меч. Единствен начин да се чувствуваме пријатно на теренот и да немамем страв е да бидеме тоа што сме. Ние ќе играме гордо и ќе размислуваме за победа и за пласман во финалето до последниот свиреж на судијата, без разлика што и да се случува – изјави Диего Симеоне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.