
Во сабота почнува завршниот турнир во женската ракометна Лига на шампиони во Будимпешта, Унгарија, на кој ЖРК Вардар ќе се појави трет пат по ред. Откако нашите првенки завршија на третото место и лани и преклани, Андреа Пенезиќ се надева дека оваа сезона тимот ќе има повеќе среќа и ќе ја освои титулата.
– Знам дека многу луѓе не сметаат нас за фаворити. Ова е наша трета сезона по ред на турнирот и се надевам дека ќе дојдеме таму во најдобрата можна форма. Мојата цел е да јаосвојам титулата и се надевам дека ќе го направам тоа тука со Вардар, бидејќи имаме одличен тим – изјави хрватската репрезентативка за ЕХФ.
ЖРК Вардар во полуфиналето на завршниот турнир ќе ги одмери силите со ЧСМ Букурешт, тим со кого играше два пати во главната рунда и славеше на двата натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


