| четврток, 6 декември 2018 |

Микел Хансен е асполутен рекордер во ЛШ

Данскиот репрезентативец во редовите на ПСЖ, Микел Хансен е новиот рекордер во европската лига на шампионите постигнувајќи 121 гол. Тој на дуелот против ППД Загреб од четвртфиналето на ЛШ постигна пет гола, што му беше доволно да избие на лидерското место.

Пред Хансен е и нов предизвик, Ф4 турнирот во Келн каде треба да одигра уште два натпревари и може да ја зголеми бројката и да постави граница што ќе биде тешко достижа.

Досегашниот рекорд го поседуваше Ненад Перуничиќ во 2002 година со 118 гола.

Сезонава единствено Момир Илиќ може да се надева на напад на рекордот на Хансен, иако и тоа е тешко остварливо. Илиќ има досега постигнато 105 гола во дресот на Веспрем, но и два меча за играње во Келн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top