Фактот дека наредната година најверојатно АБА лигата нема да постои не ги спречи кошаркарите на Црвена Звезда да се простат од јадранското првенство со нова титула. Избраниците на Дејан Радоњиќ успеаја да го совладаат далеку понеискусниот состав на Мега Лекс во третата пресметка од финалната серија со 49-61 (16-24, 18-13, 6-9, 9-15 ) за одбрана на титулата со чисти 3-0 во победи во финалната серија.
Младиот состав на Мега Лекс одигра извонредна финална серија и иако загуби со 3-0 и покрај многубројните повредени играчи покажа дека има иднина.
Ако претходните два меча двете екипи повеќе сметка водеа на нападот реализирајќи многу повеќе поени, третиот натпревар се покажа дека сепак титулата се добива со цврста одбрана.
Ако првото полувреме на овој меч се играше во изедначен ритам со мини-серии на двете страни, клучен период беше третата четвртина кога Звезда успеа да ги сопре играчите на Мега дозволувајќи да прими само шест поени.
Најзаслужен за триумфот на Звезда беше Квинси Милер со 18 поени и осум скокови. Симоновиќ и Цирбес уфрлија по девет поени. На спротивната страна Раде Загорац беше најефикасниот поединец со 21 поени додека Ивановиќ уфрли 10.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.