| четврток, 6 декември 2018 |

Невообичаено ниски темптертури во Грција

Температурите во некои делови на Грција изминатиов празничен викенд паднаа на зимско ниво проследени со снег и силен дожд, особено на повисоките места во северниот и западниот дел на земјата.

Снег синоќа падна во делови на Епир во северозападниот дел на Грција, на надморска височина од 1.400 метри и погоре, западниот брег на Превеза го зафатија поројни дождови, а  температурата во Метсово падна на три степени Целзиусови.

Дождливото време што во неделата вечер ја зафати Грција се очекува да трае најмалку до среда во многу делови од земјата, а температурите ќе останат под сезонскиот просек.

Во Атина денеска е ведро, по неколку куси врнежи од дожд вчера, но синооптичарите за попладне најавуваат дожд, особено во северниот дел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top