| четврток, 6 декември 2018 |

Урната оградата спроти „Бристол“, Жерновски го оправда насилството на групата граѓани

Група граѓани попладнето ја урнаа заштитната ограда од објектот во изградба во близина на хотелот „Бристол“ кај Старата железничка станица.

Граѓаните се спротивставија на одлуката за изградба на нова зграда на ЕЛЕМ на таа локација затоа што со тоа ќе им се узурпирал мирниот простор за живеење.

 

Новиот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, го оправда однесувањето на граѓаните.

Тој признал дека локацијата е во надлежност на Владата, но, според него, постоеле пропусти и недоследности во дозволата поради што е можно утре да издаде решение за запирање на градбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top