| четврток, 6 декември 2018 |

Летале шишиња и боксови во турскиот парламент

Во комисијата на турскиот парламент, која го разгледува предлогот на владејачката партија за укинување на судскиот имунитет на народните избраници, денеска повторно се случи хаос.

Пратениците се гаѓале со шишиња со вода, а некои размениле и тупаници, што доведе до прекин на седницата.

За време на дискусиите во комисијата минатиот четврток, исто така, имаше тепачка меѓу пратениците, а на петмина од нив им беше укажана и лекарска помош.

Комисијата расправа за измени во Уставот, со кои се овозможува започнување на судски процеси против неколку пратеници од прокурдската партија по обвинение за тероризам. Предлогот за измени дојде откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја обвини прокурдската Демократска партија на народите за поддршка на Курдската работничка партија (ПКК).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top