| четврток, 6 декември 2018 |

Сoросовите медиуми повторно лажат, Брисел повторно демантира: Не постои писмо од Хан до лидерите

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, не испратил никакво писмо до македонските политички лидери во кое наводно бара да се договори одржување на лидерска средба во Брисел или во Виена, јави дописникот на МИА од Брисел

maja-kocijancic

Ова во изјава за МИА денеска го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, според која пишувањето на некои македонски медиуми дека Хан испратил такво писмо до Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети е едноставно невистина.

Нема писмо и не можам да претставам што содржи, бидејќи не постои. Но, она што постои се елементи кои се искажани во детали во изјавата што беше објавена пред неколку дена и тоа ја претставува нашата позиција и нашиот пристап, истакна Коцијанчич.

Реакцијата на Коцијанчич се однесува на објавената невистина од страна на опозициските медиуми контролирани од СДСМ и финансирани од Сoросовата фондација, кои изминативе денови повторно лажно информираа за наводно писмо кое еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги испратил до лидерите на четирите најголеми политички партии.

vesti

Телма, 24 Вести, Либертас, Плусинфо, Радио Слободна Европа (РСЕ), Фокус, А1он и низа други опозициски меидуми во текот на вчерашниот ден шпекулира за наводно писмо испратено од еврокомесарот Хан, во кое стоеле барања за прочистување на избириачкиот список и регулација на медиумите.

Страните повторно да почнат дијалог и неопходно да најдат компромисно решение. Да се спроведат сите реформи, да се прочисти избирачкиот список заедно со реформите во медиумите. Изборите неопходно е да бидат сеопфатни, стоеше во содржината на наводното писмо кое ја објавија опозициските медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top