Портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич, во изјава за МИА во врска со вчерашните инциденти за време на протестите во Скопје, повика различните ставови граѓаните да ги искажат на мирен начин.
– Европската Унија е запознаена со различните ставови изразени во однос на договорот за спорот за името, и повикува различните ставови да бидат изразени на мирен начин, рече Коцијанчич за МИА.
Во текот на денот Комисијата прецизираше и дека се додека не бидат „комплетирани сите чекори“ од договорот, Европската Унија ќе продолжи на Македонија да и се обраќа со ПЈРМ, како што налага Привремената Спогодба, јави дописничката на МИА во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.