Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ и дефинитивно ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот од сезоната. Иако постоеше одредена можност да го продолжи договорот за уште една сезона, со оглед дека клубот излезе со таква понуда, сепак, Ибракадабра ова лето заминува од Париз и тоа веќе им го соопштил на раководните луѓе во ПСЖ.
Тој мина четири сезони на „Паркот на принцовите“, освои титули, а стана и најефикасниот фудбалер во историјата на клубот.
Останува сега да се види која ќе биде следната дестинација за Швеѓанецот. Се споменува можност за трансфер во Премиер – лигата, каде за него се интересираат Манчестер јунајтед, но и Арсенал и Вест Хем. Постои можност и за враќање во Серија А, наводно за него постои интерес од Јувентус, но и од Милан, клубови каде веќе има настапувано во својата кариера.
Ибрахимовиќ има богати понуди и од Катар, Кина и од САД, но најверојатно ќе остане уште една или две сезони во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.