| четврток, 6 декември 2018 |

Симон Трпчески за најновиот компакт диск доби највисоки пет ѕвездички

simon

Британски дневен весник Гардијан со максимални пет ѕвездички го оцени најновиот компакт диск на нашиот пијанист Симон Трпчески, својата препорака илустрирајќи ја со епитетот „диск со арома“.

Како што напишал критичарот Стефен Причард, „чудесно талентираниот македонски пијанист Симон Трпчески отвора смело со Брамс… пред блескаво да чита… на тема од Хендел… за потоа да го понуди сосема различниот звучен свет на Равел… со вртоглав гламур, пред со селекцијата од Пуленк… да го донесе овој мајсторски рецитал до елегантно финале. Диск со арома. Го препорачувам“. Рецензентот на „Гардијан“ ја истакнува и предноста на компакт­ дисковите во живо реализирани за етикетата на „Вигмор Хол“ пред сличните рецитални изданија.

На својот најнов компакт диск, Трпчески пред пошироката јавност ја претставува својата изведба во живо на подиумот во лондонската сала „Вигмор“ од 19 јули 2014 година. (http://www.theguardian.com/music/2016/may/01/simon­trpceski­brahms­ravel­poulenc­wigmorehall­review)

Македонскиот пијанист во петок настапува во Хелсинки, а по Финска, до крајот на месецов го очекуваат и концертите низ Шпанија, како солист на турнејата со Филхармонискиот оркестар на Хелсинки, и во шведската престолнина со Кралскиот филхармониски оркестар од Стокхолм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top