Домот не е само место наменет за секојдневни работи како одмарање, готвење, гледање ТВ, туку тоа е и место на кое го креираме својот живот, навиките и мислите за секој ден што е пред нас. Она што е многу важно е во домот да се чувствуваме удобно и топло, секогаш да владее позитивна енергија, а за тоа треба да следиме неколку правила и ритуали што ќе ни помогнат да ја одржиме хармонијата, пишува journal.hr.
Решете се од старите и непотребни работи
Првиот чекор во чистењето на домот е исфрлувањето на непотребните работи и средувањето на нередот, додека вториот чекор се однесува на енергетското чистење со што се собираат сите остатоци од негативната енергија, емоциите, настаните, лошите мисли и стресот. Имајте на ум дека она што се случува во просторот во кој живеете на некој начин се „впива“ во ѕидовите, мебелот, предметите…Понекогаш, едноставно можете да ја почувствувате негативната енергија во својот простор. Ако се чувствувате исцрпено или тешко наоѓате некои од потребните работи дома, тоа се некои од знаците што ви кажуваат дека е време за пролетно чистење на вашиот дом.
Следете ги Фенг шуи техниките при уредувањето на домот
Концепцијата на чистина во филозофијата на Фенг шуи подразбира и генерално средување: сортирање на работите така што сѐ ќе си најде свое место, ослободување од непотребните работи и сѐ што не е во функција, она што не ви се допаѓа и не го користите повеќе.
Пуштете музика
Еден од начините да го исчистите домот од негативна енергија е гласно да пуштите музика. Според традиционалните кинески верувања, вревата може да „избрка“ одредени негативни енергии. Позитивната духовна музика со својот ритам и силните пораки влијае на тој начин што негативната енергија се намалува и на крајот целосно ја снемува. Таквата музика е добра не само за вашиот простор, туку и за душата бидејќи буди позитивни мисли и емоции.
Исчистете го екстериерот
Следниот чекор во ослободувањето од негативната енергија во домот е грижата за вашата градина или тераса. Ова е совршено време да ја украсите со цвеќиња во различни бои и да направите мал рај во кој ќе уживате со чаша вино, разговор со пријателите или вечера.
Насадете билки
Одберете различни видови билки што секогаш се олицетворение на богатство и благосостојба, а избегнете ги кактусите како и сувото цвеќе бидејќи симболизираат мртва енергија. Бамбусот е одлична билка која привлекува богатство и среќа во домот.
Посветете се на себеси со помош на здрави навики
Иако многумина имаат навика кога ќе стигнат дома, да се пресоблечат во пижами и да седнат пред телевизор, обидете се да ја избегнете ваквата рутина. Освен што делува негативно на вашиот организам, ќе остави негативни последици и на вашето ментално здравје. По некое време ќе се чувствувате дека не припаѓате во тој простор, ќе бидете постојано уморни и во депресија. Хранете се здраво, запалете свеќи, чистете го својот дом и во целост прилагодете се на вашиот карактер и желбата за позитивен живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.