Според записите во евангелието, Исус со своите следбеници апостоли, во Ерусалим дошол на прославата на пасха. Бил дочекан од голем број луѓе, кои довикувале:
„Нека е благословен оној кој доаѓа во име господово, Царот на Израел“.
Со влезот во Ерусалим, Јован бил задолжен за подготовка на храмот при Исусовата богослужба. Исус предизвикал голем бунт, каде што самиот рекол дека храмот би го срушил за три дена и повторно за три ноќи ќе го изгради.
Подоцна, во истата седмица, Исус ја прославувал пасха заедно со своите апостоли во Сионската гора, позната како Тајната вечера. На собирот, Исус најавил дека ќе биде издаден од еден од неговите ученици, по што ќе биде погубен. По ова, тој го зел лебот во раката говорејќи:
„Ова е мое тело кое се дава на вас“
„Оваа чаша вино е мојата крв која се пролева за вас“.
По вечерата, Исус заедно со неговите ученици отишле во Гетсиманската градина за да се молат.
Понтиј Пилат се обраќа пред толпата во Јудеја, повикувајќи да се помилува Христа.
Додека биле таму, Исус бил уапсен по наредба на Синедрион и свештениот поглавар Кајфа .
Апсењето се одвивало во тајност во вечерните часови за да се избегнат нереди, бидејќи Исус бил многу популарен меѓу народот .
Јуда Искариотски, еден од Исусовите апостоли бил оној којшто го предал Исус. Кога чуварите на храмот дошле да го уапсат, Јуда се приближил кон „учителот“, бакнувајќи го во левиот образ, покажувајќи кон стражата кој е тој којшто треба да биде уапсен.
Петар, еден од најблиските ученици на Исус, го зел ножот и нападнал еден од стражарите, одсекувајќи му го увото. Според Лука, Исус веднаш му рекол на Петар:
„Кој со меч удира, тој со меч и ќе погине“.
По апсењето на Исус, апостолите се сокриле во Ерусалим.
За време на судењето на Синедрион, свештенските поглавари го запрашале Исус дали е Син Божји, на што им одговорил дека е. По ова, Исус бил обвинет.
Свештениците по ова го предале на Понтиј Пилат поради побуна, бидејќи тврдел дека е цар јудејски. Кога Исус отишол пред Пилат, тој го запрашал:
„Дали си ти цар Јудејски?“
на што Исус му одговорил:
„Ти велиш дека сум“.
Според евангелието, Понтиј Пилат лично не сметал дека Исус е виновен за било каков бунт против Римјаните. По обичајот на пасха, гувернерот имал обичај да ослободи еден затвореник (обичај кој е забележан само во евангелието).
Така, Пилат понудил народот да избира меѓу Исус од Назарет и бунтовникот по име Варава. Толпата народ одлучил Варава да биде ослободен, а Исус да биде распнат на крст. Пилат по ова ги измил рацете за да нагласи дека тој не е виновен за неправедната одлука.
Според четирите евангелија, Исус умрел на брдото Калварија, познато и како Голгота. Евреинот Јосиф Ариматиски добил дозвола од Пилат да го земе телото на Исус и да го погребе во гробот . Евангелијата укажуваат на тоа дека по ова дошло до помрачување на небото, а Матеј зборува и за земјотрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.