Од денеска стапуваат на сила новите цени за роаминг услугата во Европската унија.
По промените појдовните повици во земјите од ЕУ ќе чинат колку и кај операторот во сопствената земја.
Во некои земји тоа може да е речиси бесплатно, со мала доплата – околу 5 евроценти. Цената за дојдовен повик во странство ќе се формира со малку поголема камата – околу 1 евроценти.
Цените на пораките ќе бидат како цените на мобилниот оператор, со дополнителни трошоци од 2 евроценти. Се менуваат и цените на мегабајт интернет. Полнењето ќе биде според личниот план кај мобилниот оператор плус 5 евроценти максимална цени.
Од 15 јуни 2017 година, пак, нема да има никакви дополнителни трошоци за роаминг, а телекомуникациските услуги ќе се наплаќаат на истата тарифа како националната. Таксата за роаминг отпаѓа, под услов ако користите телефон во странство привремено. Се уште ќе можат да наплаќаат за постојано користење на сим-картичка во друга земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.