| четврток, 6 декември 2018 |

Турската армија елиминирала 900 припадници на ИД

turkish airforceВо воздушните и ракетните напади на турската армија од јануари убиени се речиси 900 припадници на Исламска држава, јави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на воени извори.

Турција, која е членка на меѓународната коалиција предводена од САД за борба против ИД, од 9. јануари убила 492 терористи во воздушните напади, додека во ракетните напади елиминирала уште 370 џихадисти.

Анкара и се придружи на меѓународната коалиција во нападите врз ИД во Сирија по нападот на бомбаш-самоубиец во јули минатата година во пограничниот град Сурудж, при што загинаа 34 луѓе.

Во последно време во Турција имаше повеќе терористички напади за кои одговорни се џихадистите, меѓу кои и двата напада на бомбаши-самоубици во Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top