| четврток, 6 декември 2018 |

Вевчанската република ќе добие триумфална капија

Вевчанската република ќе добие влез како што ѝ доликува. Во месноста Суво Поле наскоро ќе се издигне голема порта наречена „Порта Вевчани“, јави „Охрид њуз“.

Портата е донација на вевчанската градежна компанија „ВИА“. Таа ќе биде осветлена со канделабри и ќе го разубавува влезот на Вевчани.

Камен-темелникот на портата беше поставен на 10 март со верски обичаи. На свеченоста присуствуваа донаторите, политичари и жители на Вевчани, кои ја поздравија изградбата на портата.

porta vevcani1 porta vevcani2

 

фото: „Мега продукција“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top