| четврток, 6 декември 2018 |

Сергеј Трифуновиќ е во искрена, вистинска и безрезервна политичка љубов со овој човек (ФОТО)

„Единствената политичка фигура која ја има мојата вистинска, безрезервна љубов и поддршка“, напиша актерот покрај фотографијата со политичарот кого го поддржува.

Gospodin Beli Preletačević, jedina politička figura u Srbiji koja ima moju istinsku, bezrezervnu ljubav i podršku. Samo Jako.

A photo posted by sergio trifunelli (@serge_truffaut) on

Сергеј Трифуновиќ е познат по тоа што не му е тешко да каже што мисли и не е од оние кои молчат и климаат со глава за да соберат лајкови или за да го одоброволат фановите. Едноставно, тој е тоа што е, па кој како милува, така нека лајкува. Затоа и не изненадува што годинава, кога во Србја се одржуваат вонредни парламентарни избори,  јавно поддрша политичка опција – додуша, по изборите.

Сергеј се опеределил за Бели Прелетачевиќ, водач на партијата Сарму пробо ниси од Младеновац, кој годинава одвоил 21,1 отсто од гласвите во оваа белградска општина и ги оставил зад себе вистинските партии како ДС и ЛДП.

„Господин Бели Прелетачевиќ, единствената политичка фигура во Србија која ја има мојата вистинска, безрезервна љубов и поддршка. Само јако“, напишал Сергеј под фотографијата со Бели објавена на Инстаграм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top