| четврток, 6 декември 2018 |

Махрез: Многу сме блиску до титулата, сега или никогаш!

rijad mahrez

Ријад Махрез неодамна беше прогласен за најдобар играч во Премиерлигата за оваа сезона, но 25-годишниот Алжирец вистинската награда допрва ја очекува.

Секако, станува збор за шампионската титула, која е на добар да заврши на „Кинг Пауер”. Лестер има седум бода повеќе од Тотнем на три кола пред крајот на шампионатот и само чудо може да ги спречи да не дојдат до историскиот успех.

– Ова е една од оние ситуации кога имате единствена можност која веќе никогаш нема да ви се пружи. Ако не ја освоиме титулата сега, никогаш нема да ја освоиме. Сѐ што беше невозможно, сега е возможно и веруваме дека ќе славиме на крајот – вели Махрез.

Лестер е тим составен од фудбалери кои славата ја стекнаа токму во синиот дрес. Многу од нив во клубот дојдоа за да обезбедат опстанок во лигата, но ете ги, сега се борат за титулата.

– Ние сме добра дружина која не лета превисоко. Ништо не сме постигнале, но сме многу блиску. До јануари воопшто не размислувавме за титулата, сега сме овде и би била вистинска трагедија доколку не успееме – додава Махрез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top